
Сценарио во кое дури 11 англиски клубови обезбедат настап во европските натпреварувања е исклучително сложено, но теоретски возможно.
Вообичаената распределба на местата во УЕФА натпреварувањата за клубовите од Премиер лигата вклучува четири места за Лигата на шампионите, едно за Лига Европа (за петопласираниот клуб) и две дополнителни места за победниците на ФА Купот (Лига Европа) и Лига купот (Конференциска Лига). Но, под одредени околности, тој број може да се зголеми на 11 клубови.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Првото зголемување веќе е практично осигурено бидејќи Англија речиси сигурно ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите поради најдобриот национален коефициент. Тоа значи дека и петопласираниот тим од Премиер лигата ќе игра во елитното натпреварување. Но, дополнителни три места доаѓаат од специфични сценарија:
- Англиски клуб ja освојува Лигата на шампионите, а не завршува во Топ 5 на Премиер лигата – единствениот реален кандидат за тоа е Астон Вила, која моментално не е меѓу петте најдобри, но сè уште е во трка за европската титула.
- Англиски клуб ja освојува Лига Европа, а не завршува меѓу првите седум во првенството – најизгледни кандидати се Тотенхем или Манчестер Јунајтед, кои се далеку од врвот на табелата.
- Англиски клуб ја освојува Конференциската лига, а не завршува меѓу првите седум – тука би имал клучна улога Челси, кој сè уште е во натпреварувањето.
Ако сите три сценарија се остварат, тогаш би имале седум англиски клубови во Лигата на шампионите, два во Лига Европа и еден во Конференциската лига. Последниот, 11-ти англиски претставник во Европа, би можел да се обезбеди преку распределбата на местата од домашните купови. Ако, на пример, победникот на ФА Купот и Лига купот веќе осигураат место во Европа преку лигата, тогаш квотата од тие натпреварувања се пренесува на Премиер лигата, што значи дека и 11-тиот клуб на првенството (на пр., Кристал Палас) би добил право на настап во Европа.
Конкретно, ако Ливерпул го освои Лига купот и Премиер лигата, Астон Вила Лигата на шампионите, Тотенхем или Јунајтед Лига Европа, а Челси Конференциската лига, тогаш клубот од 11-то место на Премиер лигата (на пр., Кристал Палас) би добил право на настап во Европа.
Иако ова е исклучително комплициран и тешко остварлив сценарио, не е целосно невозможно. Сè зависи од тоа како англиските клубови ќе ја завршат сезоната во домашното првенство и европските натпреварувања.