Дома Фудбал Неверојатно: Екитике постигна гол за победа, го соблече дресот и доби црвен картон

Неверојатно: Екитике постигна гол за победа, го соблече дресот и доби црвен картон

Фудбалерите на Ливерпул постигнаа победа на домашен терен против второлигашот Саутемптон со резултат 2:1 во натпреварот од третото коло на англискиот Лига куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Без голови беше сè до 43. минута на „Енфилд“, кога шведскиот играч Александер Исак, кој oва лето пристигна во Ливерпул, му обезбеди водство од 1:0 на домаќините. Ова беше неговиот деби гол во новиот клуб.

Во 76. минута гостите израмнија со погодокот на Чарлс, но сепак не успеаја да направат изненадување.

Во 85. минута, исто така новото засилување на Ливерпул, Екитике, го донесе тимот во водство со 2:1, но веднаш доби исклучувачки втор жолт картон, што домаќините во остатокот од натпреварот не го почувствуваа како пресудно.

Сите голови можете да ги погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пакет од 50.000.000 евра, Дошан Влаховиќ подготвен за потпис?

Дошан Влаховиќ стои пред одлука за понатамошната кариера, а како една од најсериозните опц…