Дома Останати Тенис Неверојатна сцена: Навивач се обиде да го ограби Синер, Италијанецот се огласи! (Видео)

Неверојатна сцена: Навивач се обиде да го ограби Синер, Италијанецот се огласи! (Видео)

Бранителот на титулата на САД Опен, Јаник Синер, посочи дека по победата во четвртото коло се соочи со необична ситуација кога еден навивач се обиде да ја отвори неговата торба.

“Веднаш проверив дали нешто е одземено, бидејќи во торбата носам не само рекети, туку и мобилниот телефон и паричникот,” изјави Италијанецот откако се пласираше во полуфиналето на турнирот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Инцидентот се случи во понеделник вечерта, кога светскиот тениски број еден се доближи до публиката за да им подели пешкири и да се фотографира со навивачите.

Во тој момент, еден гледач се обиде да му ја отвори торбата, но обезбедувањето брзо го спречи.

“Никогаш претходно не сум се соочил со вакво нешто. Но, чувствувам дека обезбедувањето си ја врши одлично својата работа, особено на теренот. На големите турнири навистина вложуваат напори за да ни овозможат безбедност. Кога ќе случи нешто неочекувано, реагираат прекрасно. Сè е во ред,” изјави Синер.

Во четвртфиналето убедливо го совлада сонародникот Лоренцо Музети со 6:1, 6:4, 6:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа загуби сет, но ќе игра за финале во Романија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори ново полуфинале откако денеска на тур…