Дома Фудбал Некогаш беа шампиони, сега рушат негативнии рекорди: Лестер не постигнал гол дома – четири месеци!

Некогаш беа шампиони, сега рушат негативнии рекорди: Лестер не постигнал гол дома – четири месеци!

Лестер со поразот од Њукасл (0:3) на домашен терен ја продлабочи кризата во резултати и голови, а успеа да постави и негативен рекорд.

Лисиците за голем дел од натпреварот изгледаа потполно безволно и безопасно, најблиску до гол беше Патсон Дака. Шутот на Замбиецот ги погоди обете стативи на голот на “Њукасл”, што ја запечати незапаметената суша во противничките шеснаесетници на домашен терен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Примиле дури 21 гол, така што во тој период без бодови во дополнение на очајниот напад, кумувала и ужасната одбрана.

Шампионот од Премиер лигата од сезоната 2015/2016. е поразен и на претходните четири гостувања, исто така без да постигне гол (2:0, 1:0, 2:0, 4:0).

Без победа и без гол од 26 јануари, кога во Лондон го шокираа Тотенхем (1:2), а домашната публика на “Кинг Пауер” стадионот не прославила гол од 8 декември минатата година – точно четири месеци.

Поради тоа не изненадува празнењето на трибините пред крајот на првото полувреме од натпреварот со Њукасл, бидејќи веќе по 34-та минута резултатот беше конечен. Навивачите на тимот од Источен Мидланд одамна ја изгубија надежта дека можат да опстанат, а сега не веруваат ни во достоинствено збогување со лигата која не толку одамна ја освоија.

Раководството на Лестер донесе одлука да во ноември го отпушти Стив Купер, кој дотогаш со скор 2-3-6 освои девет бода. Иронично, неговиот наследник успеа да донесе еден бод помалку, и тоа на девет натпревари повеќе.

Во последните 16 лигашки меча, минатосезонскиот освојувач на Чемпионшип забележи само една победа, со дури 15 неуспеси и гол разлика 4:41.

Единствената олеснителна околност е рекордно лошата сезона на Саутемптон, кој со 10 бодови несомнено ќе го понесе епитетот на најлошата екипа во премиерлигашката каравана.

Фото: Leicester City/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…