
Стоперот на Баерн Дајо Упамекано направи значаен исчекор по наизглед посериозната повреда на коленото на левата нога и го одработи првиот тренинг по скоро тринеделна пауза.
Упамекано се повреди на 23 март играјќи за репрезентацијата на Франција против Хрватска во четвртфиналето на завршниот турнир на Лигата на нациите, а првата прогноза беше дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Сепак, 26-годишниот дефанзивец започна да тренира многу порано од очекуваното, а на веб-страницата на Баварците беше објавено дека трчал околу теренот.
Се разбира, не е прецизирано дали би можел да биде подготвен до следната среда за реванш натпреварот во Милано против Интер во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Шефот на стручниот штаб на германскиот гигант Венсан Компани не смета ниту на Алфонсо Дејвис, Мануел Ноер, Џамал Мусијала, Александар Павловиќ, Хироки Ито и Кингсли Коман.
Нема сомнение дека би му значело ако Упамекано биде подготвен за реванш мечот од четвртфиналето на „Џузепе Меаца“, а првиот натпревар (вторник) Баерн на Алијанц арената загуби од Интер 1:2 (0:1).
Пред нив е „Дер класикер“ на домашнијот терен, а мечот од 29. коло на Бундеслигата Баерн Минхен – Борусија Дортмунд ќе започне во сабота во 18.30 часот.
Фото: FC Bayern München/FB