Дома Останати Кошарка НБА-лигата има нова „детонација“ за ова лето: Антетокумбо бара нов клуб

НБА-лигата има нова „детонација“ за ова лето: Антетокумбо бара нов клуб

Грчкиот репрезентативец, Јанис Антетокумбо е еден од најдобрите кошаркари во последната деценија. Откако ја освоија титулата во 2022 година, Милвоки Бакс повторно испаѓаат во првата рунда на плејофот на НБА лигата.

Ова доведе до многу прашања и незадоволства, па сѐ погласно се зборува дека Јанис Антетокумбо може да ја напушти екипата.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Како што наведува аналитичарот на „ESPN“, Брајан Виндхорст, многу клубови го посакуваат грчкиот репрезентативец, а фаворит е големиот тим од Западот.

Лос Анџелес Лејкерси сакаат со сите сили да го обединат Јанис заедно со Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, додека сите други играчи се достапни за размена и заминување во Милвоки Бакси.

Шпекулациите веќе се префрлија и на други екипи, и два клуба освен Лејкерс изразија голем интерес. Станува збор за Хјустон Рокетс и Сан Антонио Спарс кои сакаат да го видат Гркот во своите редови и кои сигурно би ги зајакнале нивните амбиции во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајкл Џордан се враќа во НБА

Мајкл Џордан оваа есен за првпат во кариерата ќе стане коментатор на НБА натпреварите! По …