Дома Фудбал На повидок скандал во Серија А: Голман доби жолт картон обложувалниците изгубиле 120.000 евра

На повидок скандал во Серија А: Голман доби жолт картон обложувалниците изгубиле 120.000 евра

Голманот на Удинезе, Мадуке Окоје, се соочува со можноста за суспензија од четири години!

Според италијанските медиуми, Мадуке Окоје би можел да добие долгорочна забрана за играње поради – жолт картон?!

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Весникот “Кориере дело Спорт” известува дека 25-годишниот Нигериец е осомничен за учество во договарање на фудбалски натпревар.

Мадуке Окоје на средбата со Лацио во март 2024 година доби жолт картон во 64. минута поради одолговлекување на времето. Ова не би било толку невообичаено, ако настанот не привлечеше огромен број на облози. Обложувалниците исплатиле над 120 илјади евра на добивки за овој настан.

Целиот случај е пријавен во италијанското обвинителство, а Окоје ризикува суспензија до четири години.

Окоје е роден во Германија, а пред Удинезе го бранеше голот за резервниот тим на Фортуна Диселдорф, Спарта од Ротердам и Вотфорд. Минатата сезона за Удинезе настапи на 25 натпревари во Серија А.

За репрезентацијата на Нигерија има забележано вкупно 16 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Засилувањето на Њукасл од 85 милиони евра тресе мрежи, но го прогласија за промашување!?

Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од…