Дома Фудбал На повидок нов скандал: Ѕвезда од Премиер лигата обвинета за силување!

На повидок нов скандал: Ѕвезда од Премиер лигата обвинета за силување!

Ѕвезда на англиската фудбалска Премиер лига е обвинета за силување, пренесуваат медиумите на островот. Меѓутоа, поради правни причини не се објавува неговото име, туку само дека има 31 година, познат е интернационалец и има шестцифрена неделна плата. Играчот е под истражување за наводни силувања на две жени и сексуален прекршок во врска со трета жена.

Прв пат беше приведен во јули 2022 година, но по ослободувањето со кауција продолжи да игра за својот клуб. Метрополитенската полиција сега му предаде на Кралскиот обвинителен сервис “целокупно досие” со докази за фудбалерот обвинет за силување. „Гардијан“ уште во јули 2022 година информираше дека клубот бил запознаен со обвинувањата есента 2021 година.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


“Целото досие е проследено до Кралскиот обвинителен сервис (CPS) и детективите продолжуваат да работат со обвинителите”, се наведува. Претседателката на Одборот за култура, медиуми и спорт, Dame Caroline Dinenage минатата година изјави за BBC дека положбата на фудбалерите во јавноста значи дека е важно сите обвинувања за сексуално злоставување да се третираат на соодветен начин.

“Како дел од улогата на новиот регулатор во одредување на условите за лиценцирање, сакаме да видиме дека има овластувања да осудува клубови за нивниот пристап и недостаток на напредок кога станува збор за подобрување на секој аспект на еднаквост, разновидност и вклученост”, додаде таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…