Дома Останати Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад за време на трката од националниот шампионат на Италија во Вал ди Фаса. Брињоне доби повеќе скршеници на ногата, а беше оперирана во клиниката Ла Мадонина во Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Операцијата помина добро, би рекол, дури и подобро од очекуваното. Потврдена е тешка скршеница со оштетување на капсуларниот лигамент на средниот дел, но и на предните вкрстени лигаменти на коленото. Операцијата на коската помина добро, поставивме плоча со завртки“, изјави хирургот Андреа Панцери, претседател на медицинската комисија на италијанската агенција за скијање Брињоне.

„Во најсреќниот момент од мојата кариера, тоа навистина не беше потребно“, изјави Брињоне по операцијата.

“Едвај го чекав следниот месец за да ги завршам последните обврски. Наместо тоа, ме чека нов предизвик. Како и секогаш, ќе дадам се од себе”, додала таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…