Македонската репрезентација ги комплетира подготовките за баражот за Светско првенство во кој утре ќе играме против Романија.
Еден од најискусните во нашите редови Филип Миркуловски истакна дека и покрај баржаот мораме да бидеме внимателни. Еден од најискусните во нашите редови Филип Миркуловски посочи дека посакува натпреварот со Чешка да биде последен за него и Лазаров во репрезентативниот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сме играле многу баражи и квалификациите. Романија е познат противник, игравме бараж со нив во 2018 година. Се работи за еден незгоден противник, го добивме можеби најтешкиот ривал. Добро е што после подолго време ќе играме пред полна сала, се надевам на голема поодршка. Натпреварот утре за нас е поважниот затоа што играме дома“.
Овие бараж натпревари се последни за него и Лазаров.
„Се надевам дека ќе одиме на двомеч со Чешка и ќе биде успешни и во тој двомеч затоа што тој ќе биде последен за мене и Кире Лазаров. Можеби постои мал притисок затоа што ќе се вратиме назад со евентуален пораз, но сите сме доволно искусни“, изјави Миркуловски.
Баражот меѓу Македонија и Романија се игра утре од 19:00 часот.