Дома Фудбал „Мурињо прави будали од сите нас, ја уништува екипата со ароганција и его“

„Мурињо прави будали од сите нас, ја уништува екипата со ароганција и его“

Фенербахче во 32. коло од турското првенство го доживеа болниот пораз од најголемиот ривал Бешикташ со резултат 1:0, со што четири кола пред крајот на шампионатот практично испадна од трката за титулата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Водечкиот Галатасарај сега има осум бода повеќе, а во клубот од Истанбул многумина веќе се помирија дека титулата нема да дојде во нивните витрини.

Главна мета на критиките овие денови е тренерот Жозе Мурињо, а меѓу најгласните беше поранешниот фудбалер на Реал, Фенербахче и Галатасарај, како и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Тој прави будали од сите нас. Ги молам луѓето од клубот итно да го сменат. Мислам дека Мурињо повеќе не е добар тренер – всушност, дека е лош тренер. Тој ни се потсмева на сите и не можам повеќе да молчам. Повторно не изненади со поставата. Каде е логиката? Не можеш да ја уништуваш екипата со својот его и ароганција. Играчи немаат континуитет затоа што тој постојано нешто менува“, порача Елвир Баљиќ во своето остро обраќање.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…