Дома Фудбал Мурињо повторно направи шоу – откри како го избра стартниот состав

Мурињо повторно направи шоу – откри како го избра стартниот состав

Веќе сме навикнати дека прес-конференциите на Жозе Мурињо ретко кога не излегуваат од шаблонот. Уште од неговиот прв мандат во Челси, не престанува да ја поларизира јавноста и изгледа дека во тоа ужива повеќе од повеќето. Има ново интересно излагање по натпреварот против Башакшехир, што Фенербахче го доби со 4:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од новинарите го праша Мурињо за изборот на почетниот состав, што во Турција е честопати тема последните денови. Жозе очигледно не му се допадна прашањето па реши да одговори во својот стил и така повторно да го привлече вниманието кон себе.

Имам 25 парички со ликовите на играчите и ги фрлам во воздух. Тие 11 што остануваат на масичката, тие играат, а тие што паѓаат – седат на клупата. Во текот на неделата се забавувам, шетам низ ноќните клубови во Истанбул и така додека не дојде ред да го изберам тимот, едноставно е“, истакна Мурињо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силва ја „отпиша“ Бенфика, два клуба се „тркаат“ за неговиот потпис

Сега веќе легендарниот фудбалер на Манчестер Сити, Бернардо Силва, сè уште не одлучил каде…