Дома Фудбал Мундијалот и останатите најголеми спортски настани во иднина ќе ги слушаме на македонски јазик! (Видео)

Мундијалот и останатите најголеми спортски настани во иднина ќе ги слушаме на македонски јазик! (Видео)

Пред љубителите на спортот во Македонија од денеска е достапен нов телевизиски проект, откако официјално стартуваше со работа Арена Спорт Македонија, канал кој ќе понуди спортски содржини со коментар на македонски јазик.

Почетокот на програмата е одбележан со едно од најголемите спортски случувања во светот – Светското првенство, кое за два дена започнува во САД, Мексико и Канада. Натпреварите од мундијалот ќе бидат проследени од македонски коментатори, а во проектот е вклучен тим составен од повеќе искусни спортски новинари и ТВ-коментатори.

Од телевизијата најавуваат дека гледачите ќе добијат професионални и содржински богати преноси, благодарение на долгогодишното искуство на ангажираните коментатори. Покрај Светското првенство, Арена Спорт Македонија ќе емитува и бројни други атрактивни спортски настани, меѓу кои фудбалски, кошаркарски и ракометни натпреварувања, како и трки од автомото спортот, збогатувајќи ја спортската понуда за домашната публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…