Дома Останати Mozzart повторно го поддржа Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Mozzart повторно го поддржа Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Компанија Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани кои се организираат во државата.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Деновиве во Струга се одржува јубилејното 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир, а Mozzart како повеќегодишни пријатели на реномираниот настан и оваа година се појавија како спонзори и го поддржаа турнирот.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart што и оваа година понуди поддршка на турнирот. Особено сме горди што славиме јубилеј од 50 години и се надеваме дека традиционално ќе продолжиме со организација на турнирот, а општествено одговорните компании како Mozzart ќе продолжат и понатаму да го препознаваат реномето на настанот и да придонесуваат кон неговата организација“ – изјавија организаторите на турнирот.

Инаку, во 2018 година компанија Mozzart го реконструираше ова игралиште на „Женската плажа“ во Струга и постави специјална подлога за спортски игралишта. Струга тогаш доби терен како што прилега на богатата ракометна традиција на овој град, со надеж дека од таму ќе излезат уште многу генерации на врвни ракометари.

„Секогаш ни претставува вистинско задоволство да ги помагаме домашните спортски настани и да го промовираме спортот. Продолжуваме да го помагаме овој струшки турнир кој оваа година го реализира своето јубилејно 50-то издание. Посакуваме уште многу успешни турнири одржани на обновеното игралиште со најмодерна подлога, кое беше целосна донација од компанијата Mozzart во 2018 година.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.

Овогодинешниот ракометен турнир стартуваше со натпреварот помеѓу бранителот на титулата Вардар и дебитантот Алкалоид. Инаку, на турнирот учествуваат осум екипи, од кои три од странство. Екипите се поделени во две групи: Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК и словачки Татран Прешов, додека во групата Б се Вардар, Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нова наградна игра на MOZZART – „Наплати го најголемото промашување“!

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Колку пати имате…