Дома Фудбал Милевски избра: Македонија со три измени во составот оди по три бода против Казахстан!

Милевски избра: Македонија со три измени во составот оди по три бода против Казахстан!

Македонската фудбалска репрезентација ќе настапи со изменет состав на денешниот дуел против Казахстан во Астана, кој започнува во 16:00 часот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во споредба со последниот натпревар против Белгија, селекторот Милевски – кој нема да седи на клупата денеска – направи три промени во почетниот состав. Бојан Илиевски не е во конкуренција за денешниот меч, а неговото место ќе го заземе Стефан Деспотовски, кој ќе го забележи својот деби настап во дресот на Македонија.

Во средниот ред, наместо Андреј Стојчевски ќе започне Дарко Чурлинов, како дел од тактичката промена со која се очекува поофанзивна игра. Токму од тие причини, предност пред Јани Атанасов доби искусниот Александар Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски многу близу до двегодишен договор во МЛС

За првпат во својата кариера Роберт Левандовски ќе игра надвор од Европа. На 37-годишна во…