Дома Фудбал Милер сакал да го напушти Баерн поради Ковач – со отказот се променила ситуацијата!

Милер сакал да го напушти Баерн поради Ковач – со отказот се променила ситуацијата!

Томас Милер, легендата на Бајерн Минхен, откри дека сериозно размислувал да го напушти клубот кога тренер бил Нико Ковач. Во интервју за „Шпигел“, 35-годишниот Милер призна дека сакал да размисли за можноста за трансфер во зимскиот преоден рок во 2019 година.

“Му кажав на клубот дека, ако мојата ситуација не се промени, сакам да ја разгледам можноста за трансфер во зима”, изјави тој. Милер беше незадоволен од начинот на третман од страна на Ковач. Поранешниот хрватски селектор му доделуваше многу малку време на играње во првата половина на сезоната, а Милер сметаше дека Ковач го деградирал со изјавата дека ќе добие минути “ако биде потребен”.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


“За улога на резервен играч бев премногу нестрплив”, објасни Милер. Клубот не реагираше веднаш на неговата желба за заминување, туку му беше кажано да се смири и дека ќе разговараат во декември. Тој разговор никогаш не се случи затоа што Ковач доби отказ по поразот од 5:1 од Ајнтрахт Франкфурт во ноември. Потоа Милер одлучи да остане.

Останувањето во Бајерн му се исплатеше. Со Баварците освои 12 титули шампион, 6 купови и 2 Лиги на шампиони и стана една од најголемите легенди во историјата на клубот. Да потсетиме, Ковач го водеше Бајерн од летото 2018 година до ноември 2019 година, а во својата прва и единствена целосна сезона освои ги сите три домашни трофеи – Бундеслигата, купот и суперкопот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн може да изгуби еден од клучните фудбалери, Арсенал започнал преговори!

Џошуа Кимих, играч од средниот ред на Баерн Минхен, може да стане слободен играч на крајот…