Дома Фудбал Место во Јувентус, искусниот стопер ќе заврши во Галатасарај?!

Место во Јувентус, искусниот стопер ќе заврши во Галатасарај?!

Јануарскиот трансфер период е моментот кога Галатасарај сака да ја засили последната линија, а турските медиуми пренесуваат дека шампионот на таа држава е заинтересиран за Милан Шкрињар.

Словакот е на излезните врати од Пари Сен Жермен, кој нема ништо против да го испрати на позајмица, а Галата тука ја гледа својата голема шанса.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шкрињар пред ПСЖ настапуваше за Интер, кој го напушти по истекот на договорот, а во последните месеци се шпекулираше дека е блиску до Јувентус.

„Старата дама“ е сè уште во игра, но Галатасарај е подготвен да ги забрза преговорите, бидејќи наводно Шкрињар дал „зелено светло“ за да ја продолжи кариерата во Истанбул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ по поразот на Јувентус бркаше фудбалер на Реал Мадрид (Видео)

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше во центарот на вниманието пред, за време и по гостува…