Дома Фудбал ПСЖ испрати понуда од 55 милиони евра за ѕвездата на Барселона, па пристигна (не)очекуван одговор од Лапорта

ПСЖ испрати понуда од 55 милиони евра за ѕвездата на Барселона, па пристигна (не)очекуван одговор од Лапорта

Париз Сен-Жермен направи конкретен чекор на трансфер пазарот со испраќање на понуда за играчот од средината на Барселона Френки де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот гигант понуди вкупно 55 милиони евра, со план за исплата кој вклучува рати.

Овој модел на плаќање не е невообичаен во модерниот фудбал, но очигледно не ги импресионира водачите на каталонскиот клуб.

Во Барселона брзо реагираа и јасно дадоа до знаење какви се нивните услови за евентуален трансфер.

Сепак, клучниот детал не е само висината на обештетувањето, туку и начинот на исплата.

Барселона инсистира на тоа целиот износ да биде исплатен веднаш, без никакви одложувања или рати.

Таквиот став дополнително ги комплицира преговорите меѓу двата европски гиганти.

ПСЖ сега мора да одлучи дали ќе ја зголеми понудата или ќе ја промени структурата на плаќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси може да направи уште еден подвиг каков што нема никој друг претходно!

Финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија не само што ќе го одреди новиот…