Херардо Тата Мартино поднесе оставка од клупата на Интер Мајами и во иднина нема да го води овој тим.
Мартино си замина по разочарувачката елиминација на стартот од плеј-офот од Атланта, Аргентинецот така одлучи да го напушти клубот од Флорида.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер Мајами каде што покрај Меси играат: Суарез, Алба и Бускетс беше еден од главните кандидати да ја освои титулата, а во плеј-офот влезе и од првата позиција во регуларниот дел. Сепак следуваше шокантна елиминација од Атланта која заврши како деветта.
Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Мартино, меѓутоа се шпекулираше со името на Чави Ернандез кој и понатаму е без ангажман по заминувањето од Барселона.
Чави по конфликтот со Лапорта ја напушти Барселона и се уште е без клуб. Новата сезона започнува дури во март, па така Бекам има доволно време да го пронајде вистинското решение.