Дома Фудбал Баркола и Модриќ се играчите со најмногу натпревари во изминатата сезона

Баркола и Модриќ се играчите со најмногу натпревари во изминатата сезона

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Брадли Баркола, и ветеранот Лука Модриќ, кој пред неколку дена го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид, се фудбалерите кои имаат одиграно најмногу натпревари сезонава, која заврши со вчерашното финале на Светското Клупско Првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Двајцата имаат на своите сметки по вкупно 73 натпревари во сите натпреварувања, вклучително и за националните тимови. Нема друг играч од петте големи топ лиги во Европа кој има одиграно толку голем број натпревари.

Кога станува збор за минути на теренот, Баркола сепак е далеку зад своите соиграчи во ПСЖ кои се први избор. 22-годишниот фудбалер има цели 23 натпревари како резерва, а во поголем број од натпреварите кои ги започнал, бил заменуван. Причината е што во ПСЖ често е ротирано или со Дезире Дуе, или со Хвиџа Кварацхелиа. Така, Баркола има “само” 4336 минути во сите натпревари. За споредба, Ашраф Хакими има 5216 минути при одиграни 62 натпревари за ПСЖ и Мароко.

Лука Модриќ, кој денес официјално ќе стане играч на Милан, има дури и помалку минути, што е логично со оглед на фактот дека за помалку од два месеца ќе наполни 40 години. Хрватот има 3777 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан донесува засилување од Баерн и тоа како слободен играч

Италијанскиот клуб Милан е на прагот да го комплетира трансферот на средниот играч на Баер…