Дома Фудбал Во идеалниот тим на Светското клупско првенство има место и за 40-годишник! (Фото)

Во идеалниот тим на Светското клупско првенство има место и за 40-годишник! (Фото)

Едно возбудливо Светско првенство за клубови заврши, а на врвот застана лондонскиот Челзи, кој во финалниот дуел беше подобар од актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што можеше да се очекува, во идеалниот тим на турнирот најмногу претставници имаат токму финалистите. Интересно е тоа што меѓу избраните се најде и фудбалер кој настапувал за двете екипи и веќе има 40 години.

Во прашање е Тијаго Силва, кој моментално е дел од Флуминенсе и успеа да стигне до полуфиналето од шампионатот, а потоа беше елиминиран од идниот победник, Челзи.

Во најдобрите 11 имиња, Челзи има четири претставници, додека Пари Сен Жермен тројца.

Вака изгледа најдобриот тим според изборот на DAZN:

Боно (Хилал) – Хакими (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ), Тијаго Силва (Флуминенсе), Кукуреља (Челзи) – Педро Нето (Челзи), Витинја (ПСЖ), Енцо Фернандес (Челзи), Палмер (Челзи) – Гонзало Гарсија (Реал), Џон Аријас (Флуминенсе).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…