
Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој е слободен агент и веќе има 36 години, ќе ја продолжи својата кариера во Атлетико Мадрид, тврди српскиот весник “Телеграф”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се очекува офанзивниот фудбалер да замине за Шпанија во вторник, каде што двете страни треба да се договорат за останатите детали, пред договорот да биде официјално потпишан.
Последно играше во Фенербахче, каде што договорот му истече. Во последните неколку дена се појавија гласини за понуди од Црвена звезда и Војводина, но желбата на Тадиќ беше да ја продолжи кариерата во странство.
Поранешниот капитен на Ајакс беше предмет на интерес и од Парма, како и од клубови од Русија и САД.