Дома Фудбал Барса без Тер Штеген на првата тренинг сесија

Барса без Тер Штеген на првата тренинг сесија

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, не учествуваше на првата тренинг сесија на каталонците од предподготвителниот период на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот голман остана во фитнес салата, каде што изведуваше вежби одвоено од групата.

Тој го заврши сезоната 2024/25, опоравувајќи се од сериозната повреда на коленото, се врати како стартер под рамката на голот во Барселона и започна како стартер за Германија во двата натпревари од финалето на Лигата на нациите пред летниот одмор.

Тер Штеген се соочува со период на несигурност поради доаѓањето на Жоан Гарсија, додека според сите медиуми во Шпанија, Ханзи Флик му кажал дека нема да смета на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сагата: Балде испрати јасна и гласна порака за трансферот од Барселона

Одбранбениот фудбалер на Барселона Алехандро Балде нема намера да го напушти каталонскиот …