Дома Моторспорт Мекларен се врати на врвот: Пјастри го урна рекордот на патеката во Кина

Мекларен се врати на врвот: Пјастри го урна рекордот на патеката во Кина

Оскар Пјастри дојде до својата прва пол-позиција во кариерата по фантастичното возење во Шангај. Младиот Австралиец беше најбрз во квалификациите и постави нов рекорд на патеката. Стартот од првата позиција ќе биде клучен со оглед на големите проблеми со деградацијата на гумите во спринтот.

Пијастри досега седум пати започнувал од првиот ред, но во Кина конечно ја освои својата прва пол-позиција со импресивно време од 1:30.641.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Неговиот тимски колега, Ландо Норис, заврши на третото место, додека помеѓу двата болида на Мекларен се пласира Џорџ Расел со Мерцедес.

Актуелниот шампион Макс Ферстапен ќе мора да се задоволи со четвртото место, откако не успеа да го пронајде темпото потребно за борба за врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Ред Бул менува возач по само две трки во оваа сезона на Формула 1?

Ред Бул сериозно ја разгледува можноста да го замени Лиам Лосон со Јуки Цунода за Големата…