Позната е приказната на сите членови на големата тројка дека постојано се мотивирале еден со друг за да бидат сè подобри и подобри. Да не беа Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер никогаш не би го постигнал тој квалитет, а истото важи и за останатите двајца меѓусебно.
Џон Мекинро, аналитичар на „Еуроспорт“, вели дека историјата во слична форма се повторува, дека сега повторно си создаде триаголник но со поинакви страни.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Ѓоковиќ е заслужен за напредокот на Јаник Синер и Карлос Алкарас, тој го инспирираше Италијанецот да ја подигне играта на сосема ново ниво. Тие сфатија колку е тој добар уште и тоа го покажа кога го надмудри Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен“, вели Мекинро.