
Поранешниот шампион во НБА и човекот кој беше играч, тренер и функционер во најсилната лига во светот сега има подкаст, а името му е Бајрон Скот.
Нов гостин на подкастот на Бајрон Скот е жива легенда на НБА лигата Ирвин Џонсон, познат како Меџик.
Една од темите на разговорот помеѓу Скот и Џонсон беше српскиот центар Никола Јокиќ кој моментално игра за Денвер Нагетс со кои во 2022 година беше НБА шампион.
„Веќе сме разговарале за Јокиќ. Не можеме да го ставиме меѓу најголемите некогаш, но… Да видиме како ја промени центарската позиција, колку направи во кариерата, може да шутира за три, може да организира игра. Уникатен е. Тој е најдобриот кошаркар на светот. Чита ситуации и одбрани. Неговиот кошаркарски IQ е неверојатен и секогаш ќе те победи затоа што не си во ритам. Не си ни свесен што ќе направи следно. Одлично го користи телото, лесно се ослободува и шутира”, рече Бајрон Скот.