Дома Фудбал Останато Meси го известил Лапорта: Останува во Барселона со договор вреден 70 милиони евра

Meси го известил Лапорта: Останува во Барселона со договор вреден 70 милиони евра

Капитенот на Барселона Лионел Меси е спремен да остане на „Камп Ноу“ пренесуваат бројни европски медиуми.

Аргентинскиот репрезентативец го известил претседателот Лапорта дека ќе ја прифати понудата за продолжување на соработката вредна 35 милиони евра по сезона.

Договорот на Меси истекува со последниот ден од јуни, а наскоро би требало да потпише нов до крајот на сезоната 2022/2023. Значи дека со тој договор Аргентинецот ќе заработи 70 милиони евра.

Наводно одличниот напаѓач по истекот на договорот би требало да се пресели во МЛС, за потоа по завршувањето на крајот да се врати во Барселона и да добие некоја функција во раководството на каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поуката за Ријера: Звезда порано знаеше како се чува резултат

Црвено-белите повторно платија за премногу отворен пристап, а според споредбите од Србија,…