Дома Фудбал Мбапе тропна на вратата на Перез и му кажа кого да доведе во Реал Мадрид

Мбапе тропна на вратата на Перез и му кажа кого да доведе во Реал Мадрид

На многумина веќе им е јасно дека Реал Мадрид ова лето ќе игра сериозна улога на пазарот, бидејќи Флорентино Перез сака да донесе неколку звучни засилувања, а сега и Килијан Мбапе му посочи за кој играч треба веднаш да почне да се бори.

Кралскиот клуб минатото лето не потроши многу пари на засилувања, а највпечатливото го доведе бесплатно, бидејќи Килијан Мбапе потпиша за Реал по истекот на договорот со ПСЖ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, јасно е дека Реал Мадрид мора да ги засили одредени позиции во тимот летово, а оваа сезона тоа јасно го покажа.

Особено тоа се однесува на дефанзивата на Реал Мадрид, бидејќи Карло Анчелоти има проблеми со повредени играчи и на сите им е јасно дека Кралевите мораат да ја „освежат“ последната линија.

Реал има на листата на желби неколку имиња, а изгледа дека едно од нив особено се истакнува, бидејќи за тој играч „гласаше“ и Килијан Мбапе.

Станува збор за Вилијам Салиба, кој игра во одлична форма веќе неколку сезони во Арсенал и како што стојат работите летово би можел да го напушти лондонскиот клуб.

Салиба е прва желба на Реал Мадрид и Мбапе лично разговарал со Перез за својот сонародник за да му даде до знаење дека тоа е засилувањето кое го бара.

Фото: Реал Мадрид/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се враќа на работа во Премиерлигата!?

Тотенхем минува низ една од своите најслаби сезони во поновата историја, моментално се нао…