Дома Фудбал Мбапе играл против Барселона за да ја спаси работата на Алонсо

Мбапе играл против Барселона за да ја спаси работата на Алонсо

Килијан Мбапе се обиде да ја спаси работата на тренерот Чаби Алонсо во Реал Мадрид, известува весникот “Екип”. Ѕвездата на “белите” се согласи да влезе како замена на финалето за Суперкупот на Шпанија против Барселона (2:3) минатата недела, и покрај ризикот од влошување на повредата во коленото.

Шпанскиот тренер го напушти клубот ден по поразот од каталонците. Во информацијата на “Екип” се наведува дека односите помеѓу Алонсо и Мбапе биле одлични уште од самиот почеток.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Алонсо им кажал на шефовите на 15-кратниот европски клубски шампион дека не треба да им се дава толку многу моќ на фудбалерите. Специјалистот бил изненаден дека клубот секогаш ја земал страната на играчите наместо на тренерот.

“Ќе те паметам како тренер со јасни идеи и големо знаење за фудбалот. Беше задоволство да учам од тебе. Ти благодарам што ми веруваше од првиот ден”, е порака на Мбапе до Алонсо на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…