Дома Фудбал Mбапе го „потврди“ големото засилување на Реал Мадрид – кога сфати што направил веќе беше доцна!

Mбапе го „потврди“ големото засилување на Реал Мадрид – кога сфати што направил веќе беше доцна!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе побрзал да ги сподели големите вести со своите навивачи, но набргу сфатил дека не е време за таква објава, па ја избришал, иако тоа било предоцна бидејќи сите веќе виделе.

Реал Мадрид во неделата ја победи Селта од Виго со 3:2 и остана во игра за титулата, а набргу потоа стигна веста која ги воодушеви навивачите.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Имено, Трент Александер-Арнолд во понеделникот објави дека заминува од Ливерпул, па сите, секако, веднаш претпоставија дека станува збор за премин во Реал Мадрид.

Фабрицио Романо веќе го објави познатото “here we go”, па сега сите очекуваат Англичанецот да потпише за Реал бидејќи долго време се поврзува со нив, а Мбапе изгледа избрза.

Во Ливерпул ја прославија 20. титула во Англија, а потоа дознаа дека остануваат без многу важен играч. “По 20 години во Ливерпул, дојде време да ја потврдам својата одлука за заминување од клубот на крајот од сезоната.

Ова е најтешката одлука што некогаш сум ја донел во животот. Знам дека многумина од вас се запрашале зошто не си заминав порано или сте биле фрустрирани што не направив такво нешто, но мојата намера отсекогаш била да се фокусирам на интересите на тимот”, така почна Трент Александер-Арнолд својата објава на X.

Се очекува долгоогодишниот играч на Ливерпул, кој одиграл 352 натпревари за клубот од “Енфилд” – постигнувајќи 23 гола и запишувајќи 92 асистенции – наскоро да биде прогласен за нов играч на Реал Мадрид.

Интернет корисниците веднаш забележале уште една работа. Прошталниот твит на Арнолд на Инстаграм го лајкнал… Килијан Мбапе. Тоа, меѓу другите, го забележал и шпанскиот дневен весник „АС“.

Ѕвездата на Реал Мадрид брзо го отстранила “лајкот”, но тоа не оставило никакви сомнежи. Трент Александер-Арнолд веројатно наскоро ќе стане вториот Англичанец во Реал, придружувајќи му се на Џуд Белингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан успеа со пресврт да слави во Џенова

Фудбалерите на Милан ја победија Џенова на гостински терен (1:2) во последниот натпревар о…