Утре на домашен терен Еурофарм Пелистер ќе го игра реваншот против Тримо Требње во рамките од Европската лига.
Пред една недела битолскиот тим беше поразен со 28:24 и одигра навистина лош натпревар, па сега ќе бараат поправен на свој терен. Ракометарот Бојан Маџовски верува во подобра игра на Е.Пелистер во овој дуел.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
“Можам да ви кажам дека во Словенија одигравме еден од нашите најслаби натпревари. Иако создававме позиции и шанси, имавме голем проблем со реализацијата. Противникот не нè изненади со ништо од тоа што го подготвувавме, па дури и можам да кажам дека го спречивме нивното најсилно оружје – транзиција и брзата игра. Сепак, со тринаесет промашени зицери, тешко се добива натпревар.
И минатата, а и оваа сезона се соочуваме што и на добиени натпревари, не ги освојуваме бодовите. Веруваме дека и тоа ќе го надминеме. Го оставаме последниот натпревар зад нас, се спремаме и во вторник се надеваме дека ќе излеземе како победници.
Ни треба една победа да се крене екипата, да ја врати самодовербата. Иако можам да кажам дека атмосферата е добра во клубот, тренираме и се спремаме одлично, но ни треба таа една победа да ја вратиме самодовербата”, изјави Маџовски.