Дома Фудбал Марко Арнаутовиќ со тага и болка: “Не сакав да дојдам, но морав”

Марко Арнаутовиќ со тага и болка: “Не сакав да дојдам, но морав”

Фудбалската репрезентација на Австрија победи убедливо со 4:0 против Сан Марино, но триумфот и головите паднаа во втор план!

Марко Арнаутовиќ, кој беше стрелец на два гола, беше длабоко потресен по натпреварот и во емотивен разговор за “ServusTV” откри дека срцето му е тешко поради трагедијата што се случила тој ден во Грац.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


– Немам зборови… Не сакав ни да дојдам овде, но морав. Од кога ја слушнавме веста утрово, срцето ми чука несопирливо. Моите сочувства одат до народот на Грац, изјави Арнаутовиќ, со очи полни тага.

Не го прослави ниту еден од головите – тишината наместо радост беше јасен знак на почит кон загинатите. Трагичниот настан кој ја потресе неговата татковина длабоко го погоди 35-годишниот напаѓач.

– Тешко е. Не знам дали сме повеќе безбедни во овој свет, додаде Арнаутовиќ, не сокривајќи ја вознемиреноста.

Иако тимот очекувано победи, атмосферата беше мрачна.

– Секако дека сме задоволни од резултатот, но мислите на целиот тим се во Грац. Во вакви моменти, не треба да се зборува за фудбал, ниту да се радуваме, искрено порача Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмладата македонска репрезентација ремизираше со Албанија

Младата репрезентација на Македонија до 14 година одигра нерешено 1:1 против соодветната с…