Дома Фудбал Марка тврди: Реал има нов тренер, договор на три години

Марка тврди: Реал има нов тренер, договор на три години

Реал Мадрид на 25 мај ќе затвори едно од најсветлите поглавја во својата славна историја – збогувањето со Карло Анчелоти, човекот кој го водеше клубот до бројни трофеи и чијашто кариера е запишана со златни букви во фудбалските учебници. Италијанецот постигна миран и пријателски раскин со клубот, а “Марка” наведува дека “кралскиот клуб” влегува во нова ера под водството на Чаби Алонсо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти како тренер на Реал освои вкупно 15 трофеи: три Лиги на шампиони, три Светски клупски првенства, три УЕФА Суперкупа, две Ла Лиги, два Купа на кралот и два Суперкупа на Шпанија – со што го надмина легендарниот Мигел Муњоз. Анчелоти од јуни ќе ја преземе селекторската функција на клупата на бразилската репрезентација, со која ќе потпише договор до Светското првенство во 2026 година.

Од друга страна, Чаби Алонсо ќе потпише тригодишен договор со Реал Мадрид..

Во Мадрид доаѓа со својот проверен тим – асистентот Себас Парилја, со кого соработува од дните деновите во младинскиот погон на Реал, и кондициониот тренер Алберт Енкинас, кој претходно работел и во Барселона, како и во САД и Данска. Алонсо, сепак, нема да го води Реал на Светското клупско првенство, туку Сантијаго Солари ќе биде привремено решение до доаѓањето на Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…