Дома Фудбал Манчестер Сити со нова победа му „дише во врат“ на Арсенал (Видео)

Манчестер Сити со нова победа му „дише во врат“ на Арсенал (Видео)

Од 16 часот беа одиграни пет натпревари од англиската Премиер лига, а најголемо внимание привлече победата на Манчестер Сити против Сандерленд (3:0). Граѓаните сега се на само два бода зад лидерот Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фаворизираниот Манчестер Сити во рамките на 15. коло на англиската Премиер лига го дочека тимот на Сандерленд.

Својата улога на фаворити тие ја оправдаа затоа што лесно победија на Етихад со убедлив резултат, кој на крајот гласеше 3:0.

Стрелци за Граѓаните беа Диас, Гвардиол и Фоден. Избраниците на Пеп Гвардиола го искористија денешниот пораз на Арсенал и сега се на само два бода од Топџиите и првото место.

Челзи влезе во мала резултатска криза, веќе три натпревари во домашното првенство не знаат за победа.

Денес, Bournemouth на домашен терен им одзеде бод, натпреварот заврши без голови (0:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Добредојде дома: Мбапе го поздрави назначувањето на Зидан

Неколку часа откако Зинедин Зидан беше назначен за селектор на Франција во вторникот, Кили…