Дома Фудбал Манчестер Сити, Ливерпул и Баерн во тесна трка за ѕвездата на англискиот клуб: Кого ќе избере?

Манчестер Сити, Ливерпул и Баерн во тесна трка за ѕвездата на англискиот клуб: Кого ќе избере?

Maрк Гуехи би можел на крајот од сезоната да го напушти Кристал Палас без обврска за оштета, но според англиските медиуми, речиси е сигурно дека во јануари ќе бара нова средина.

Капитенот на англискиот премиерлигаш Кристал Палас, Марс Гуехии (25), е во фокусот на европските гиганти Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Баерн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој англиски репрезентативец има уште шест месеци до истекот на договорот и јасно ставил до знаење дека нема намера да остане на Селхрст Парк.

Гуехи би можел на крајот од сезоната да го напушти Кристал Палас без обврска за оштета, но според англиските медиуми, речиси е сигурно дека во јануари ќе бара нова средина.

Најголем интерес за неговите услуги покажаа Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал и Баерн. Веќе минатото лето беше блиску до трансфер во Ливерпул, но клубовите не успеаја да се договорат. Сега оваа приказна повторно се актуелизираше.

Германскиот „Скај“ објавидека спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, изминативе денови телефонски разговарал со дефанзивецот на Палас. Исто така, пред неколку дена во Минхен се одржал состанок помеѓу раководителите на Бајерн и агентот на играчот.

Дел од медиумите наведуваат дека 25-годишниот англиски репрезентативец сепак е најблизу до Сити. “Граѓаните” имаат сериозни проблеми откако Жошко Гвардиол се здоби со тешка повреда, поради која веројатно ќе биде отсутен до крајот на сезоната. Невообичаено долго време ќе биде надвор од терените и Рубен Дијаз, а на листата на повредени е и Јоан Стоунс.

Гуехи е роден во Абиџан, но семејството се преселило во Лондон кога имал само една година. Првите фудбалски чекори ги направил во Креј Вандерерс, а на осумгодишна возраст преминал во Челси. Во септември 2017 година потпишал прв професионален договор со Блуз, но на Стамфорд Бриџ не добил вистинска шанса.

Една сезона ја помина на позајмица во редовите на Свонси Сити, а во јули 2021 година се пресели во Кристал Палас за 20 милиони евра, што го прави трет најскап играч во историјата на Палас по Кристијан Бентеке (30 милиони) и Мамаду Сако (26 милиони).

За англиската репрезентација дебитирше во март 2022 година против Швајцарија. Досега во дресот на “Гордата Албија” има запишано 26 настапи и постигнато еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првиот потег на Карик по доаѓањето на Олд Трафорд ги шокираше сите во Манчестер Јунајтед!

По неколку дена шпекулации, во вторник навечер беше официјално потврдено дека Карик е трен…