
Кристијан Пулишиќ оваа сезона игра одлично за Милан.
Росонерите сè уште се во трка за Скудето, а како што пренесуваат британските медиуми, три екипи од Премиер лигата, Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем, се подготвени да издвојат 70 милиони евра за американскиот репрезентативец.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, раководството на клубот од Сан Сиро категорично ја одби оваа понуда, бидејќи сметаат дека Пулишиќ е незаменлив дел од тимот на Масимилијано Алегри.
Пулишиќ оваа сезона на 21 натпревар за Милан постигна 10 голови и забележа две асистенции.
Дресот на „росонерите“ го носи од летото 2023 година. Претходно играше за Челзи и Дортмунд.