Дома Фудбал Манчестер јунајтед обезбеди импресивна клаузула – добива одличен лев бек за само 16 милиони?!

Манчестер јунајтед обезбеди импресивна клаузула – добива одличен лев бек за само 16 милиони?!

Политиката на Манчестер јунајтед во последно време и не беше толку лоша кога станува збор за излезните трансфери, па можно е еден млад фудбалер да се врати на “Олд Трафорд”.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за сегашниот член на Бенфика, Алваро Фернандез. Ова момче пристигна во Манчестер јунајтед од Реал Мадрид уште во 2020 година, доби дури и шанса од страна на Ралф Рангник, а откако беше најдобриот играч на Манчестер јунајтед во У23 тимот, отиде на позајмици во Престон и Гранада. Потоа се пресели во Бенфика со која во мај 2024 година потпиша и договор.

Сепак, во тој договор Манчестер јунајтед има една клаузула која може да ја активира.

Фернандез сега е еден од најдобрите леви бекови во португалското првенство, игра одлично и во Лигата на шампионите, а Манчестер јунајтед може да го има за само 16 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…