Дома Фудбал Македонски репрезентативец пред трансфер во Казахстан!

Македонски репрезентативец пред трансфер во Казахстан!

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е пред нов интернационален предизвик во кариерата, откако казахстанските медиуми објавија дека е многу блиску до потпис со Актобе.

Според тамошните информации, 26-годишниот играч за врска треба да стави потпис на договор со важност од две и пол години и наскоро да му се приклучи на казахстанскиот прволигаш.

Атанасов зад себе има успешна сезона во дресот на грчка Лариса, за која одигра 35 натпревари, а претходно настапуваше и во полскиот шампионат.

Казахстанските медиуми наведуваат дека остануваат да се финализираат последните детали и доколку не се случи некаков неочекуван пресврт, македонскиот репрезентативец во следните денови и официјално ќе стане нов фудбалер на Актобе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија без мака славеше во Скопје (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ја отвори новата сезона во „Б“ Лигата на…