Дома Останати Ракомет Македонија брка триумф против Литванија вреден пласман на ЕП

Македонија брка триумф против Литванија вреден пласман на ЕП

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 18:00 часот, во арената „Јане Сандански“ во Скопје, ќе го одигра клучниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Противник е селекцијата на Литванија, а улогот е јасна – победа со најмалку два гола разлика би ѝ обезбедила на Македонија директен пласман на континенталниот шампионат како втора пласирана во групата.

Иако селекторот Кире Лазаров се соочуваше со одредени проблеми при формирањето на составот, атмосферата во репрезентативниот табор е борбена и исполнета со силна желба за успех.

Свесни за тежината и значењето на натпреварот, македонските ракометари се подготвени да го дадат максимумот, особено со оглед на поддршката која се очекува од трибините во салата во населбата Аеродром.

Првиот дуел меѓу овие две репрезентации заврши со тесна победа на Литванија (29-27).

Фото: Ракометна Федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…