Дома Македонски спорт Maкедонија одлета по три бода во Прага!

Maкедонија одлета по три бода во Прага!

Фудбалерите на Македонија попладнево отпатуваа за Прага на натпреварот против Украина во рамки од квалификациите за Европското првенство.

Ако Македонија сака да остане во игра за второто место кое обезбедува место на Европското првенство во Германија наредната година мора да победи, иако и така ќе биде тешко бидејќи не чекаат натпревари против Италија и Англија до крајот на квалификациите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со изјавите во изминатите денови македонските фудбалери јасно ставија до знаење дека одат на победа, меѓутоа и Украина е квалитетна селекција. На првиот натпревар во Скопје против Украинците имавме одлични 60 минути и водевме со 2:0 по првото полувреме, но на крајот сепак го загубивме тој натпревар.

Натпреварот во Прага се игра в сабота од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ова е новиот тренер на Реал Мадрид: Се чека само грешка на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, во случај на грешка против Алавес, би можел да добие отказ на позицијата трен…