Дома Останати Тенис Maкедонецот гази во Грција: Калин ќе игра за титула!

Maкедонецот гази во Грција: Калин ќе игра за титула!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди финале на турнирот во Грција откако го победи Италијанецот Андреа Гутиере со 2:0 во сетови.

Ивановски имаше мали проблеми само првиот сет кој го доби со 7:6, додека во вториот лесно се справи и со 6:3 обезбеди триумф за финале. На турнирот во Ираклион Ивановски е трет носител, а денес првиот сет го доби во тај брејк, а во вториот направи брејк и го потврди местот ово финалето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во борбата за титулата Ивановски ќе игра утре против подобриот од мечот помеѓу Себастијан Гима и Павел Неједели. Наградниот фонд на овој фјучерс турнир изнесува 15.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус Вилијамс се враќа на Австралија опен после пет години

Седумкратната гренд слем шампионка во сингл, американската тенисерка Венус Вилијамс доби с…