Сосема неочекувано, Роберто Манчини во неделата поднесе оставка од селекторската функција во Италија.
На големо се пишуваше дека Манчини ќе замине по елиминацијата од Македонија во баражот за Светското првенство, но тогаш тоа не се случи. Сега искусниот стратег неочекувано си замина на неполн месец пред продолжувањето од квалификациите за Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во медиумите се појавија шпекулации дека Манчини си заминал за да стане селектор на Саудиска Арабија за мултимилионска понуда. Манчини, сега ги демантираше ваквите информации.
„Размислував да си заминам неколку месеци наназа, дојде време за такво нетшо. Многу работи внатре се менуваат без мое знаење и тоа значи дека сме пред крајот. Според мене не сме на иста бранова должина и секогаш кога е така треба да има промени за доброто на тимот. Италија многу ми значи и оваа одлука ја донесов со голема тага. Ако сакаа да ме задржат ќе го направеа тоа. Можеби требаше да заминам и порано“, изјави Манчини, потенцирајќи дека причината не е понуда од Саудиска Арабија.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчини бил разочаран што федерација без да го праша ги сменила неговите помошници. Засега како најсериозни кандидати да го наследат се споменуваат Лучијано Спалети и Антонио Конте.