Дома Фудбал Меси ќе добие понуда каква што ретко се гледа во светот на фудбалот

Меси ќе добие понуда каква што ретко се гледа во светот на фудбалот

Аргентинската ѕвезда, 38-годишниот Лионел Меси, неодамна потпиша договор со Интер од Мајами до 2028 година и според сите показатели Аргентинецот одлучи да ја заврши кариерата во МЛС.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, светските медиуми донесоа вест која би можела да ја преврти целата приказна.

Наводно се јави првиот човек на Ал-Итихад, клуб од Саудиска Арабија, Аанмар Ал Хаили.

Ал Хаили сака да го види Лионел Меси во клубот и наводно нема да бира средства за да ја оствари таа цел.

Наводно, првиот човек на Ал-Итихад е подготвен да му понуди на Меси бланко чек само да дојде во клубот.

“Ако Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише било која сума што сака, за договор на било кој период што ќе го избере – дури и доколку е доживотен”, рече Ал Хаили и продолжи:

„Доколку Меси овде во Саудиска Арабија го носи дресот на Ал-Итихад, парите ништо не би ми значеле. Би ја славеле лигата пред да започне затоа што би го имал најдобриот играч во историјата на фудбалот.”

Ал Хаили и претходно посакуваше да го види Меси во куратор Ал-Итихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино: Ако требаше ќе возев автобус до Техеран по Иранците!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави пред претстојното Светско првенство дека инт…