Дома Фудбал Ништо од трансферот: Енрике не ги пушта најдобрите фудбалери на ПСЖ

Ништо од трансферот: Енрике не ги пушта најдобрите фудбалери на ПСЖ

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз ги договорија сите услови околу продолжување на соработката.

Новинарот Матео Морето денес потврди дека сè е подготвено за новиот потпис и дека Фабијан Руиз ќе потпише до летото 2029 година.

Тој беше поврзуван со многу клубови, го бараа од Турција, порано се споменуваше дури и Реал Мадрид, но впечатокот е дека Руиз со Луис Енрике во Париз е како дома.

Тој пристигна таму уште во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега веќе е легенда на Париз. За ПСЖ одигра 155 натпревари, постигна 16 голови и 24 асистенции и ја освои секоја можна титула.

Тој е, заедно со Витинја и Жоао Невеш, ударното трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да остане без својот сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…