Дома Фудбал Каков пресврт: Распадори се враќа во Италија, но не во Рим!

Каков пресврт: Распадори се враќа во Италија, но не во Рим!

Денови наназад се зборуваше дека Џакомо Распадори ќе стане нов напаѓач на Рома, но тој наместо во Вечниот град, пристигна во – Бергамо!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што потврдија бројни извори, Аталанта синоќа изненадувачки започна конкретни преговори и на крајот успеа да го пренасочи Распадори, кој беше на чекор до потпис со Рома.

Лани Распадори го напушти Наполи за да се приклучи на Атлетико Мадрид за 22 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, бидејќи постигна само два гола и три асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања.

Диего Симеоне реши да го продаде, а Распадори сакаше да се врати во татковината и на крајот го одбра – Аталанта.

Распадори сакаше да се приклучи на тим каде што ќе му се обезбеди поголема минутажа, бидејќи има цел да се наметне пред Светското првенство наредното лето..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …