Дома Фудбал Откриено што му кажал Алонсо на Перез пред да добие отказ

Откриено што му кажал Алонсо на Перез пред да добие отказ

Отказот на Чаби Алонсо од тренерската позиција на Реал Мадрид ги изненади играчите на кралскиот клуб, кои за оваа вест дознаа преку официјално соопштение. Сепак, не недостасуваа реакции – пораките на благодарност и почит почнаа да пристигнуваат веднаш.

Прв се огласи Килијан Мбапе преку својата Инстаграм страница, каде што емотивно се опрости од поранешниот тренер на „Белите“.

“Иако краток период, беше чест и задоволство да играм и да учам од вас. Ве почитувам што во мене вложивте доверба уште од првиот ден. Ќе ве помнам како тренер со јасна визија и длабоко разбирање за фудбалот. Среќно во вашето ново поглавје”.

Според информациите на Фабрицио Романо, Чаби испратил порака до управата на клубот, потенцирајќи дека клубот не треба секогаш да зазема страна на играчите.

“Не може на играчите да им се дозволи толкава моќ. Неизбежно е тренерот да има контрола во соблекувалната, ако клубот секогаш е на страната на играчите”, пренесе La SER.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…