Дома Фудбал Ова се чекаше: Клоп се јави и отворено кажа дали ќе биде тренер на Реал Мадрид

Ова се чекаше: Клоп се јави и отворено кажа дали ќе биде тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид во понеделникот ја прекина соработката со Чаби Алонсо, а нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа. Ситуацијата ја прокоментира и славниот германски тренер Јирген Клоп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само ден по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, Реал ги изненади сите и го отпушти Алонсо, иако се чинеше дека ќе му дадат поддршка и ќе остане со него до крајот на сезоната.

Сепак, Алонсо заминува само половина година по пристигнувањето од Леверкузен, а тоа многу го изненади Јирген Клоп, тренерот кој се смета за човекот што Перес го посакува за тренер во блиска иднина.

Клоп веднаш и јасно ги отфрли тие гласини и не подлегна на притисокот од медиумите дека би можел да се врати во тренерската работа токму во Реал.

Клоп изјави дека веста за заминувањето на Алонсо го изненадила и дека мисли дека таквиот потег многу зборува за огромните очекувања во Реал. На коментарите дека би можел да го преземе Реал, Клоп одговори со насмевка и шеговити пораки.

„Нема никаква врска со мене. Не го побарав тој работно место и немам планови да се вратам на клупата таму.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…