Дома Македонски спорт Maкедонија ќе биде домаќин на квалификациски турнир во одбојка за пласман на ЕП 2021

Maкедонија ќе биде домаќин на квалификациски турнир во одбојка за пласман на ЕП 2021

Денес е објавено дека Македонија ќе биде домаќин на одбојкарскиот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Европската одбојкарска федерација претходно поради пандемијата со коронавирусот го смени системот на квалификации и место секој со секого дома-гости во јануари ќе се играат два квалификациски турнири. Првиот ќе се игра од 7. до 10. јануари во Данска, а вториот од од 14. до 17. јануари во Македонија.

Ние сме во група со Данска, Турција и Босна и Херцеговина. На Европското првенство место обезбедуваат сите првопласираните и најдобрите пет втори селекции.

Ќе потсетиме минатата година Македонија дебитираше на едно ЕП и во групите остваривме учинок од две победи во пет натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Детали за понудата на Галатасарај: Фетих Терим лично го побарал Барди!

Eнис Барди во овој период игра одлично во дресот на Леванте и кон себе го привлече внимани…