Дома Македонски спорт Mихајловски: Државата и градот ветија помош, а добивме „нула“!

Mихајловски: Државата и градот ветија помош, а добивме „нула“!

На денешната прес-конференција Вардар претседателот на Вардар, Михајло Михајловски потврди дека му била ветена помош од градот и државата, но на крајот истата не ја добил.

Михајловски истакна дека ако ја немал таа ветена помош немало ниту да се нафати да влегува во Вардар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ако немаше ветувања од видни луѓе во државата, јас немаше да се нафатам да влезам во Вардар. Затоа што знам колку пари е потребно за успешно да се води клубот. Ние влеговме во клубот во едно лошо време, прво пандемија, после неколку кризи, потоа војната…Затоа имам некакво оправдување од тие што цело време зборуваа „Михајло ни е сме зад себе…“. Сепак, очекував барем 40-50% од она што се договортивме да биде реализирано“.

„Сакам да искажам голема благодарност до спознорите Ватростална, Комерцијална Банка, Адмирал, Еуро Никел…Како и останатите кои помогаа на клубот. Секој на свои можности и желби го помагаа Вардар“.

„За овие две години, ние освојуваме двојна круна. Конкурент ни беше една сериозна екипа на Еурофарм Пелистер, имаме одлична соработка со нивниот прв човек Зоран. Имав идеја Вардар да биде стабилен, за идната сезона имавме потпишано договори со четири играчи. Бевме убедени дека оваа екипа за идната година ќе биде барем 20% подобро. Не само поради засилувањата затоа што се постави игра и екипа која е воиграна“, истакна Михајловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…