Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски во следните четири години ќе го носи дресот на Абердин, клуб со голема традиција. Шкотскиот клуб за македонскиот напаѓач плати сума од 634.000 евра.
На новите соиграчи на подготовките во Шпанија Миовски им се придружи пред два дена. Во Абердин доаѓа со големи очекувања и беше претставен како најголемо засилување во овој преоден рок.,
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Секој сака да биде напаѓач број еден, па така и јас сакам да бидам прв избор во Абердин. Прво сакам клубот да ги оствари своите цели, а тоа да сме во топ 3 во Шкотска. Ако постигнам многу голови ќе му помогнам на тимот“.
„Возбуден сум и ќе дадам се од себе да ги оствариме тие цели. Знам дека ова е клуб со голема историја и голем чекор напред во мојата кариера. Благодарен сум на раководството и тренерот што ми ја овозможија оваа шанса. Се запознав со соиграчите, одлично ме пречекаа, сите момци се фантастични“.
Кога пристигнала понудата од Абердин не размислувал многу.
„Пресреќен бев кога се појави Абердин, веднаш ја избрав оваа опција. Ова е перфектен клуб за млад фудбалер. Знам за големата историја и чест да се биде тука, не го следев многу шкотскиот фудбал, но знам дека е тежок на физички план и дека се игра со брзо темпо. Тоа мене ми одговара“, изјави Миовски.